Како јогата го подобрува сексуалниот живот?

Unsplash
Фото: Unsplash

Кога станува збор за вежбање, ослободување од стрес и комплетно здравје на вашето тело, нема подобар избор од јога. Спротивно на верувањето дека јогата се состои само од лежење и испуштање чудни звуци, овој спорт се состои и од многу ригорозни режими на вежбање, кои го затегнуваат телото, го стимулираат умот, ја прават кожата блескава и мазна, го забавуваат стареењето и го подобруваат сексуалното задоволство.

Ги усовршува сексуалните доживувања

Вежбањето јога ви ја зголемува енергијата, еластичноста на телото и го обликува вашето тело. Покрај тоа, многу истражувања покажале дека јогата ќе ви го подобри и сексуалниот живот. Мажите и жените кои вежбаат јога искусуваат значително подобар оргазам во однос на останатите луѓе.

Ја детоксицира вашата кожа

Во јогата има многу протегнување, навалување, виткање и потење, а сето тоа е одлично за вашето здравје. Вежбајќи, вие фактички ги масирате внатрешните органи, при што внесувате повеќе кислород во белите дробови, се подобрува циркулацијата на крвта и се подобрува лимфниот проток. Покрај тоа, вежбањето јога ги балансира хормоните и му прави детоксикација на телото преку потта.

Го забавува стареењето

Едно истражување докажало дека луѓето кои вежбаат, изгледаат за 8 години помладо од своите врсници. Ова особено се забележува кај луѓе над 50 години, кои со години вежбаат јога.

Го подобрува дишењето

Правилното дишење значително го намалува стресот и прави да се чувствувате релаксирано. Воедно, колку повеќе сте опуштени, толку вашата кожа ќе биде посјајна.

Го подобрува спиењето

Квалитетниот сон е клучот за убава кожа и за поефикасно функционирање на целото тело. Во истражување правено на универзитетот во Тексас, дојдено е до заклучок дека вежбањето јога 20 минути во текот на седмицата, им помогнало на пациентите болни од рак да заспијат побрзо и да спијат подолго.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот