Како изгледа рајскиот остров на милијардерот педофил кој го згрози светот! (ВИДЕО)

Сега кога американскиот милијардер Џефри Епстајн повторно се појави во јавноста поради обвиненијата дека со години злоставувал малолетнички, многумина се прашувале што се случува со неговиот остров кој го купил пред повеќе од 20 години.

Иако „Литл Сент Џејмс“ на Карибите личи на рајско место, таму се случувале многу морничави работи.

Островот се протега на 28 хектари, а наводно го посетувале многумина од светската елита. Таму редовно се носеле и малолетни девојки поради сексуални игри.

Овој остров го нарекуваат и „педофилски остров“ и „островот на гревовите“. Него може да му се пристапи само со брод или хеликоптер.

Во оазата на која владеел голем степен на безбедност, се наоѓа вила како и една чудна градба со бела и сина боја. Градбата имала и златна купола, но ветерот ја однел. Потсетува на храм, а балконот го красат мотиви на лавиринт.

Некои се сомневаат дека токму во тој објект се одржувале оргии со малолетнички, други тврдат дека станува збор за музичка, акустична изолирана соба во која сопственикот свирел клавир. Трети велат дека можно е таму да се крие вратата на некој подземен комплекс и дека има некој дополнителен влез.

Епстајн островот го исчистил од ориентална вегетација и денес го красат само палми.

Наводно Епстајн изградил и библиотека и кино. На островот работеле десеттина луѓе вклучувајќи го и обезбедувањето. Островот би можел да се изнајми за околу 6.000 долари од ноќ.

Многумина кои работеле на него во изградбата на објектот велат дека морале да потпишат договот за молчење.

Милијардерот и регистриран сексуален напаѓач, Џефри Епстајн (66) се изјаснил пред судот дека не е виновен за обвиненијата во врска со трговија на луѓе поради давање секслуални услуги.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот