„Како да се ограби банка“, вечерва на репертоарот на Гола Месечина

Во рамки на овогодинешниот фестивал на комедијата „Гола месечина“, вечерва во спортскиот центар Ново Лисиче, на репортоар ќе боде претставата  „Како да се ограби банка“ на Драмскиот театар од Скопје.

Во оваа претстава, во која едно сиромашно семејство се обидува да ограби банка, како што порачуваат од Драмскиот театар, ќе уживаме во инвентивноста на ликовите, па можеби тоа ќе поттикне поинаков пристап кон проблемите во нашите животи.

Утре на репертоарот е претставата на Народниот театар од Охрид, „Каде е пиштолот“, а задутре ќе ги видиме актерите на загрепското Градско казалиште „Комедија“ во комедијата „39 степеница“.

Инаку, вчера беше изведена комедијата „Забрането смеење“ во изведба на струмичкиот театар „Антон Панов“, претстава на еден од најизведуваните современи хрватски драмски автори со светско реноме, Миро Гавран.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот