Кафе во Охрид ќе стане луксуз

Фото: Фејсбук

Поради зголемените трошоци за работа на кафулињата, дел од охридските угостители и сопственици на кафулиња најавуваат дека и цените на нивните кафиња и пијалаци ќе рипнат, пишува Алсат.

Новите правила за работа кои угостителите сè уште ги немаат добиено, а ќе треба да ги исполнат ако сакаат да работат, можно е да ги покачат цените на услугите. Aко до пред затворањето на објектите поради пандемијата цената на едно кафе се движеше меѓу 70 и 90 денари, сега ситуацијата ќе наметне повисоки цени, најавуваат угостителите.

Летово, според новите протоколи за спречување на ширење на коронавирусот, една маса ќе треба да биде на 10 квадратни метри простор, вработените ќе мора да носат маски и ракавици.

Угостители за телевизијата тврдат дека потребата за покачување на цените се наметнува логички бидејќи трошоците им се зголемуваат, односно добиваат непредвидени трошоци кои до појавата на пандемијата ги немале. Исто така, тие реагираат дека мерките за рестораните и за кафулињата не би требало да се исти, бидејќи рестораните се со поголеми површини, а во некои кафулиња целата тераса е од десет квадратни метри.

Уште официјално не е дадено зелено светло за кафулињата да почнат со работа, но газдите се подготвуваат за стартот на летната сезона.

Нови правила за работа на рестораните во услови на пандемија со КОВИД 19

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот