Каевски: Нема да дозволиме ВМРО-ДПМНЕ да фрли дамка на изборниот процес

Фото: Принтскрин

СДСМ и Коалцијата ќе ја поддржат техничката влада, ставајќи го интересот на државата на прво место, порача пратеникот на СДСМ и портпарол, Дарко Каевски од собраниската говорница при изборот на техничката Влада.

Џафери: Ќе работам професионално и без манипулации, согласно стратешките определби за евроинтеграција

-Нема да дозволиме ВМРО-ДПМНЕ да фрли дамка на изборниот процес а со тоа и на двојната победа на проевропскиот фронт на претседателските и на парламентарните избори. Заедно со мнозинството пратеници, заедно со граѓаните нема да дозволиме деструктивните сценарија на ДПМНЕ да успеат. Во изминатите години СДСМ покажа дека е демократска партија која знае да го штити гласот на граѓаните и нивното неприкосновено право за слободно изразување на нивната волја. Така и ќе продолжиме, рече Каевски.

Милошоски: ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата нема да гласаат за оваа влада

Тој порача дека ВМРО-ДПМНЕ се нервозни поради изборниот пораз.

-Токму затоа од самиот почеток, законската обврска за техничка влада која единствена цел има да организира фер и демократски избори бараше начин да ја проблематизира, да ја опструира, целосно непотребно и без било каква основа, рече Каевски.

ВО ЖИВО: Во Собранието се избира техничка влада

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот