Јувентус е блиску до потписот на „новиот Варан“

фото: твитер

„Старата дама“ сака да го ангажира досегашниот играч на Амиен и У17 француски репрезентативец Феликс Нзуанго.

Многумина овој млад фудбалски талент го споредуваат со Рафаел Варан, моментно централниот бек на Реал Мадрид.

Според „Л`Екип“, Нзуанго е блиску да потпише за екипата на Јувентус кој се очекува да плати три милиони евра за услугите на играчот.

17-годишниот играч ги чека првите настапи и за сениорската селекција, но му предвидуваат блескава иднина.

Неговиот стил, со доброто читање на играта и способноста да ја контролира топката, многу потсетува на Варан кој доминира во делот на одбраната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот