Јуве за 50 милиони евра купува нов напаѓач!?

Фото: Твитер

Италијанскиот шампион планира во текот на последниот ден од преодниот рок да ангажира големно засилување.

Во прашање е младиот 22-годишен напаѓач Федерико Киеза од Фиорентина за кој се шпекулира дека ќе го облече дресот на Јувентус за 50 милиони евра.

Се очекува овој напаѓач да дојде во Торино на двегодишна позајмица, во првата сезона Јуве ќе одвои два милиони евра и уште осум во втората сезона.

Јувентус ќе ја има можност да го откупи договорот, а во 2022 година ќе мора на клубот од Фиренца му плати 40 милиони евра.

Киеза денеска треба да ги помине лекарските прегледи во новиот клуб и официјално биде дел од составот на тренерот Андреа Пирло. Во професионалната кариера до сега настапува само за еден клуб, од 2016 година за Фиорентина имаше 137 натпревари и 26 голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот