Јуве ќе го ангажира и Закарија, а го испрати Ихатарен на позајмица

Денис Закарија, швајцарски репрезентативец, досегашен член на Борусија Менхенгладбах/Фото: EPA-EFE/Kirill Kudryavtsev

Изминатиот период „Старата дама“ го официјализираше трансферот на српскиот репрезентативен напаѓач Душан Влаховиќ кој дојде од екипата на Фиорентина.

Јувентус и натаму е активен на трансфер пазарот, според информациите швајцарскиот играч од средниот ред, Деникс Закарија (25), со повеќе обврски во одбраната.

Постигнат е договор кој ќе вреди пет милиони плус бонуси кои ќе ги добие Борусија Менхенгладбах.

Трансферот на Закарија ќе трае до јуни 2026 година, информира новинарот Фабрицио Романо.

Играчот е подготвен да слета во Торино со неговите агенти. Доаѓа како замена за Родриго Бентанкур кој според најавите ќе го облече дресот на Тотенхем.

Воедно холандскиот Ајакс потврди дека како позајмица од Јуве го ангажираше младиот 19-годишен холандски играч од средината на теренот, Мохамед Ихатарен.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот