Јури Ким: Америка има вистински и храбар сојузник како Албанија

Големата воена вежба „Defender Europe 2021″, по неколкуте градови, денеска „пристигна” во албанскиот главен град Тирана, каде граѓаните имаат можност да видат многу изненадувања од копно и воздух.

На плоштадот „Мајка Тереза” присуствуваат премиерот Еди Рама, американската амбасадорка Јури Ким, претседателот Илир Мета, министерот за одбрана Нико Пелеши и други познати личности.

Во своето обраќање амбасадорката Ким рече дека подготвеноста на САД гарантира зачувување на мирот и безбедноста на двете нации.

Додаде дека Америка има вистински пријател, силен сојузник како Албанија, додавајќи дека односите меѓу двете земји се многу важни.

– Ова е историски момент. Нашата подготвеност и способност гарантира спречување на конфликти, зачувување на мирот и безбедноста на нашите нации. Албанците и Американците работат заедно и се запознаваат едни со други. Среќна сум што нашите војници во униформа се чувствуваат исто како и ние дипломатите облечени во костуми во Албанија. Тие се горди што САД ја нарекуваат Албанија пријател и сојузник. Како пријатели и сојузници, американските и албанските војници беа едни до други во бројни конфликти. Од тие искуства знаеме дека Америка има вистински пријател и силен сојузник како Албанија – рече Ким.

Според неа „Defender Europe 2021″, отвора вистински пат за стратешка соработка меѓу Албанија и САД.

– Верувам дека успехот на „Defender Europe 2021″, ја одразува посветеноста на народот во Албанија, дека и покрај разликите, сите вие признавате дека сме во важен момент во историјата и оти сме обединети во нашите односи, дека овој однос меѓу САД и Албанија е важен. Ова се совпаѓа со 30-годишнината од обновувањето на односите Албанија-САД. Соединетите држави стојат со вас во вашите барања за независна и слободна Албанија. Ќе продолжиме да бидеме со вас додека преземате важни задачи. Овие задачи се тешки, но не и невозможни. Горди сме што сте сојузници со нас тука денес, рамо до рамо засекогаш – порача американската дипломатка.

„Defender Europe 21″ која почна на четврти мај а завршува на 9 јуни, е најголема до сега одржана воена вежба во западен Балкан, на која учествуваат 28 илјади војници, поголемиот број американски, како и од земји членки и партнери на НАТО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот