Јунајтед во јануари ќе „плукне“ 150 милиони евра за две засилувања

twitter.com/Zeeshan__Zakir

Манчестер јунајтед и сезонава бележи лоши резултати во Премиерлигата, по што апелите на менаџерот Оле Гунар Солскјер конечно ќе бидат послушани и во зимскиот преоден рок тимот ќе потроши голема сума на пари.

Потпретседателот на Јунајтед, Ед Вудворд даде зелено светло за ангажирање на двајца германски репрезентативци и тоа за сума од 145 милиони евра.  Според „Мирор“, станува збор за фудбалерот за врска на Баер Леверкузен, Каи Хаверц и Томас Милер од Баерн Минхен.

Баер за својот фудбалер бара дури 100 милиони евра, сума која е прифатлива за Вудворд бидејќи се плаши дека доколку не реагира веднаш, останатите гиганти ќе му го украдат Хаверц кој важи за еден од најдобри млади фудбалери во светот.

Од друга страна, Томас Милер  со доаѓањето на Нико Ковач за тренер на Баерн Минхен, падна во втор план и се погласно го искажува своето незадоволство, па дури и најави заминување.

Оваа ситуација сакаат да ја искористат во Манчестер и се надеваат дека понуда од 45 милиоини евра ќе биде доволна за управата на „баварците“ да го пушти германскиот репрезентативец

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот