Јунајтед со три засилувања го гаси „пожарот“

twitter.com/adriandelmonte

Екипата на Манчестер јунајтед во изминатиот викенд загуби со 2:0 на гостувањето кај Вест Хем со што се запалија црните аларми на „Олд трафорд“. „Црвените ѓаволи“ летово не менуваа многу, се засилија со тројца фудбалери, Мегваер, Џејмс и Ван-Бисака, но на стартот од сезоната се покажа дека тоа е премалку за тим од реномето на Манчестер јунајтед, а под голем притисок се наоѓа и менаџерот Оле Гунар Солскјер од кого навивачите бараат оставка.

Така не размислуваат челниците на екипата и веќе подготвуваат три екстра засилувања во зимскиот преоден рок со кој планираат да го изгасат пожарот и да го вратат тимот во борбата за највисок пласман.

Прв на листата на желби се наоѓа фудбалерот на Спортинг Лисабон, Бруно Фернандеш за кого Јунајтед преговараше и во летото но не успеаја да се договорат за обесштетувањето. Веќе во јануари, Јунајтед планира да ги плати бараните 70 милиони евра за Фернандеш кој треба да ја стабилизира играта во средината.

Следен на списокот е Пауло Дибала од Јувентус чие име во летниот преоден рок се споменуваше како дел од пакетот на „старата дама“ за Пол Погба. Парите не се проблем за англискиот тим, тие ќе подготвени да платат 120 милиони евра, но прашање е дали аргентинскиот репрезентативец ќе сака да се пресели во Англија.

Последно име на списокот на желби на управата и на Солскјер е германскиот репрезентативец, Тимо Вернер од Лајпциг. Солскјер е свесен дека со продажбата на Ромелу Лукаку и на Алексис Санчез, единствена опција во нападот е Маркус Рашфорд, додека Антони Марсијал подолго време е повреден. „Црвените ѓаволи“ се надеваат дека со понуда од околу 90 милиони евра ќе успеат да го купат Вернер со што би си ги решиле проблемите во нападот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот