Јунајтед му даде зелено светло на Роналдо да си оди

Кристијано Роналдо ја откри целата вистина околу неговата ситуација на „Олд Трафорд“/фото: EPA-EFE/Peter Powell

Времето на Кристијано Роналдо во Манчестер јунајтед истече откако управата на „црвените ѓаволи“ му даде зелено светло на Португалецот да го напушти клубот.

Откако почна летниот преоден рок, Кристијано Роналдо побара од Јунајтед да биде продаден и тоа во екипа што ќе игра во Лигата на шампионите, а неговото името беше поврзувано со доста екипи.

Агентот на фудбалерот го понуди Португалецот на девет екипи кои го одбија (Барселона, Реал Мадрид, Баерн Минхен, ПСЖ, Челси, Јувентус, Милан, Рома и Интер), но управата на Јунајтед постојано тврдеше дека Роналдо не е на продажба и дека менаџерот Ерик тен Хаг смета на неговите услуги.

Но, првите два натпревари во Премиер лигата во кои Јунајтед загуби од Брајтон (1:2) и Брентфорд (0:4) покажаа дека Тен Хаг не го гледа Роналдо во тимот.

Како иден клуб на Кристијано Роналдо се споменува Атлетико Мадрид чиј тренер Диего Симеоне го сака Португалецот во својот тим. И на Роналдо, според англиските медиуми му се допаѓа оваа идеја бидејќи со Атлетико би играл во Лигата на шампионите, а во исто време би имал можност да му покаже на претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез дека погреши што во 2019 година го продаде на Јувентус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот