Јубилеј за македонскиот фудбал: 115 години од првиот фудбалски натпревар во Македонија

Фото: Архива

Македонскиот фудбал вчера прослави еден јубилеј, 115 години од првиот официјален фудбалски натпревар одигран во Македонија, кој се одигра тогаш во рамките на отоманската империја. Така, 9-ти април 1909 година е официјален датум откога започнува да се испишува македонската фудбалска историја.

Тогаш, на празникот Велигден, група турски војници и офицери на школување во западноевропските земји одиграле натпревар меѓу себе на импровизираното игралиште на полјанката зад Учителската школа во населбата Ислахане (Идадија) во Скопје.

– Првите фудбалери биле турски војници што престојувале во касарната во скопско Дебар Маало, а денот бил толку студен што на полувремето играчите морале да ги облечат шинелите за да се стоплат, пишува Ивко Панговски во својата книга „Скопски фудбалски незаборави“

Две години подоцна, во 1911-та, формиран е првиот фудбалски клуб во Македонија, под име Ускип (Скопје), претходница на СК Вардар во 1912 година, на Пелистер од Битола во 1914 и на Војновиќ во 1915 година. Во април 1919 година во старата зграда на кафеаната „Кермес“ во Градскиот парк е одржано основачкото собрание на СК Напредак, кој набргу потпаѓа под патронат на англиската хуманитарна организација „Христијанска заедница на младите луѓе“. Овој клуб на 20 април 1919 година го одигра првиот официјален меѓународен натпревар во Македонија, забележувајќи ја првата победа над репрезентацијата на англиската војска, со 2-0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот