Јовановски: Ова е политичка одлука, парите рекетирани во оваа Македонија барајте ги кај Зоран и Вице Заеви (ВИДЕО)

Ова е политичка одлука. Парите рекетирани во оваа Македонија барајте ги кај Зоран и Вице Заеви, рече Бојан Јовановски познат како Боки 13 откако судијката Васка Николовска-Масевска за неговата вмешост во аферата „Рекет” му пресуди девет години затвор.

Набрзо по оваа негова изјава судијката нареди да се изнесе од судницата, но го остави бидејќи Јовановски продолжи да зборува за притворот.

-Нeма да се дадам во бегство, едвај го чекам први јули, едвај чекам да дозволите да отидам во јавното обвинителство овие денови за сите вистински сторители на кривични дела во оваа земја. Знам дека ќе ми го продолжите притворот бидејќи така ви е наредено – рече Јовановски кој е првообвинет во овој случај.

Второобвинетата Катица Јанева поради лични и семејни причини не дојде во судница. Таа е осудена на седум години затвор. Бојан Јовановски е обвинет за две дела. Јовановски беше обвинет за „Примање награда за противзаконско влијание“ и за „Перење пари и други приноси од казниво дело“, додека Јанева беше обвинета за „Злоупотреба на службената положба и овластување“.

На Боки 13 му се конфискува облеката што му ја одзеде ОЈО, уметничките слики, мебелот и 12.000 евра што биле најдени кај него.

На Јанева ќе ѝ бидат конфискувани 50.000 евра, а ако нема готови пари на сметки, ќе бидат присвоени лични предмети или недвижнини во износот со кривичното дело.

До правосилност на пресудата Јанева останува во домашен притвор, а Јовановски во истражниот затвор во Скопје.

Боки-13 осуден на 9 години, Катица на 7 години затвор

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот