Јовановиќ: Ќе беше супер ако во Собранието влезеше нова партија, Левица е најлоша од сите

Бранимир Јовановиќ од Виенскиот институт за меѓународни економски студии / Фото: „Слободен печат“

Ќе беше супер ако во Собранието влезеше нова партија, подобра од постојните, наднационална, која се залага за правда, за еднаквост, за сиромашните, за работниците, за обесправените. За жал, партијата која сега се претставува како Левица нема ништо од ова, реагира на својот профил на Фејсбук поранешниот член на Левица, Бранимир Јовановиќ.

-Оваа партија својата популарност ја изгради на анти-албанска реторика и на националистичкото мото „името не го даваме“. Водена е од класичен диктатор кој ја презема партијата со фалсификат и сега им пушта кривични пријави на сите кои не мислат исто како него. Постојано користи говор на омраза и повикува на насилство, шири сексизам, мизогинија, исламофобија. Добива донации од десетици илјади евра од сомнителни фирми, покрај 220-те илјади евра од државата. И уште не влезен во Собрание, се заканува со стрелање. Да, СДСМ разочараа, не донесоа правда и се здружија со олигарсите. Да, ВМРО се националисти кои не сакаат да расчистат со криминалното минато. Да, ДУИ се опортунисти, кои зад превезот на национализмот, гледаат само тендери. Но оваа „Левица“ е најлоша од сите. Оваа „Левица“ е екстремно десна, национал-социјалистичка, фашистичка. Затоа мораме сите да се спротивставиме одлучно на ова зло, пред да стане предоцна- напиша Јовановиќ.

Јовановиќ ја оцени партијата како фашистичка, а лидерот Апасиев го нарече диктатор.

Јовановиќ беше дел од претходното раководство на партијата, а подоцна стана советник на тогашниот министер за финансии Драган Тевдовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот