Јокиќ во продолжението на НБА игра како плејмејкер, но не може се сам (ВИДЕО)

Никола Јокиќ /Фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Денвер нагетс загуби од Мајами во својот прв натпревар по рестартот на сезоната.

Мајами хит со 125:105 го совлада Денвер нагетс кај кого недостасуваа дури тројца кошаркари од првата петорка, Џамал Мареј, Гери Херис и Вил Бартон.

Поради нивното отсуство, најдобриот играч на Денвер, центарот Никола Јокиќ мораше да игра и како плејмејкер и сосема солидно си ја заврши работата. Во првото полувреме беше најдобар играч на својот тим со 14 поени, но Мајами имаше повеќе расположени играчи и на крајот славеше.

Клучна беше третата четвртина во која Мајами дојде до предност од 15 поени и разликата ја одржуваше до крајот.

Бам Адебајо и Џими Батлер со по 22 поени беа најпрецизни кај Мајами, Кени Олејник даде 20, а Горан Драгиќ уфрли 13 поени. Во редовите на Денвер, Никола Јокиќ натпреварот го заврши со 19 поени, седум скокови и шест асистенции, а исто толку поени даде и Џереми Грант.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот