Јохансон: Во решавањето на мигратската криза во БиХ мора да учествува целата држава

Мигранти / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Европската комесарка за внатрешни работи Илва Јохансон денеска во Сараево изјави дека ЕУ останува силен и сигурен партнер на БиХ во развојот на структурите за управување со миграцијата, нагласувајќи дека целата земја мора да учествува во решавањето на мигрантската криза.

– Управувањето со миграцијата е национална одговорност. БиХ мора да развие посилни капацитети за управување со миграцијата и целата земја мора да учествува во тоа, нагласи Јохансон по состанокот со делегацијата на Советот на министри на БиХ.

Таа оцени дека миграцијата отсекогаш била присутна и ќе биде во иднина, но дека е најважно адекватно да се управува.

– Миграциските текови се променија. На пример, во 2015 година, во ЕУ имавме повеќе од два милиона бегалци од Сирија. Денес тие главно не се бегалци, туку мигранти кои доаѓаат од други земји, рече Јохансон.

Според неа, еден од предлозите во новиот пакт е мигрантите што доаѓаат од земји со ниска стапка на азил да бидат веќе подложени на процесот на барање азил на границите.

Таа додаде дека ЕУ останува близок партнер на БиХ на нејзиниот европски пат кон пристапувањето, поздравувајќи го напредокот направен во тој контекст, особено во однос на усвојувањето на законодавството за јавни набавки.

Претседателот на Советот на министри на БиХ, Зоран Тегелтија, изјави дека Босна и Херцеговина е подготвена да биде партнер во управувањето со мигрантската криза, но не и нејзин заложник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот