Јелена Розга проговори за љубовта: Во животот се доаѓа кога најмалку се надевате и очекувате!

Instagram
Фото: Instagram

Шармантната пејачка и понатака ја интригира јавноста со одговорите за својот приватен живот, но со последната изјава наведе многумина да помислат дека за време на карантинот еден маж го освоил нејзиното срце.

За време на 2-месечната изолација, Јелена Розга ги забавуваше своите следбеници со мини концерти на својот Инстаграм, па патувањата и излагањата не и недостасуваа многу.

„Времето поминато во карантин секако ќе го помнам по неверојатните концерти во живо и синергијата која се случуваше помеѓу мене и публиката. Се впуштив во тоа поради својата публика, но и поради себе. Сакав тоа да биде нешто на кое заедно ќе му се веселиме, но тогаш не ни помислував како ќе се развива. Кога започнав си реков на себе: Ќе пеам додека чувствувам дека луѓето го сакаат тоа и додека уживам во истото“, рекла Розга за хрватското издание на магазинот „Стори“ и додала:

View this post on Instagram

Jedva cekam da vam pjevam sutra Vidimo se u 20h??❤️

A post shared by Jelena Rozga (@rozgajelenaofficial) on

„Многу сум среќна што добив огромен број на пораки од целиот регион дека оваа изолација ќе ја паметат по моите концерти од дневната соба и што им помогнав барем накратко да заборават на сите проблеми. Има ли поголема награда?“

Јелена накратко се навратила и на својот емотивен живот и истакнала како верува дека ќе ѝ се случи вистинска љубов.

View this post on Instagram

Nedjelja … fali mi koncert… i vi! ??❤

A post shared by Jelena Rozga (@rozgajelenaofficial) on

„Срцето и понатака е мојот водич во животот, дури и кога грешам“, рекла Розга, а потоа одговорила на прашањето дали станува збор за некој маж кој посебно ја заинтересирал во изминатиов период:

„Се во животот доаѓа токму тогаш кога ви треба и кога најмалку се надевате на него“, одговорила пејачката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот