Јелена Карлеуша и Ника заедно слабеат: Ја осудија пејачката зошто ја ставила Ника на диета (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Јелена Карлеуша заедно со Марија Шерифовиќ започна диета, која им ја препиша иста нутриционистка. Но, ЈК не е сама во походот за совршена линија, туку друштво ѝ прави и помалата ќерка.

Нејзиниот успех го засенила ќерката Ника, која исто така започнала со регулирана исхрана, а како што објасни Карлеуша, одлично ѝ оди. Ника дури од својата нутриционистка добила подароци за совршените резултати,  но за мама немало ништо.

– Ѝ благодариме на нашата нутриционистка за убавите подароци. Ова го доби Ника која е дисциплинирана и идеално губи килограми, здраво и во склад со годините! Мама не доби ништо, затоа што не беше добра“, напиша Карлуеша во опис на фотографијата.

Фото: Инстаграм

Се разбира, има и такви кои се против тоа дека децата треба да бидат на диета. Па, на социјалните мрежи можат да се прочитат и негативни коментари…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот