Јавниот обвинител не открива многу детали околу црната листа

Црната листа на САД на која се најдоа звучни имиња од политичката сцена во Македонија се уште ја бранува јавноста. Дали ќе се донесе законот за рестриктивни мерки со што овие лица ќе имаат забрана за вршење на јавна функција и што презема Обвинителството, се уште е непознато.

Денеска, Јавниот обвинител Љупчо Коцевски рече дека се уште ги прибирале информациите од Соединетите американски држави и доказите за вмешаност во коруптивни дејствија на овие лица. На прашањето како ќе постапи обвинителството, тој истакна дека ЈО презема активности но какви активности и спрема кого, не може да открие.

„Било какви конкретни информации од наша страна не можеме да споделиме, имајќи предвид дека ЈО презема активности, меѓутоа, какви активности, према кого, не можам да кажам“ – рече Јавниот обвинител Љупчо Коцевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот