Јавниот долг во третиот квартал годинава помал во однос на 2016

Министерство за финансии/ Фото Архива на СП

Јавниот долг во третиот квартал годинава е на ниво од 47,7 проценти или 1,1 процентен поен на пониско ниво во однос на 2016 година, соопшти денеска Министерството за финансии, истовремено демантирајќи ги тврдењата изнесени од дел од медиумите дека јавниот долг во третиот квартал изнесува 48,6 проценти.

Податокот за долгот, се потенцира во соопштението, е јавно достапен на веб страната на Министерството за финансии

Од ресорното Министерство потенцираат дека „за разлика од периодот од 2008-2016 кога јавниот долг беше брзорастечки и порасна за 25,6 процентни поени, во третиот квартал од 2019 е дури на пониско ниво во однос на 2016 година”.

– Исто така, во објавата се изнесени податоци од стара фискална стратегија. Имено согласно со новата ревидирана фискална стратегија проекцијата за јавен долг за 2020 е намален од 52,3 проценти на 50,4  проценти.Намалувањето на јавниот долг и проекциите за јавен долг се должи на прудентната политика на јавен долг, односно: постепено намалување на фискалниот дефицит, намалување на бројот на аукциите на државни хартии од вредност и намалување на каматните стапки како резултат на зголемената доверба на инвеститорите, соопштуваат од Министерството за финансии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот