Јапонски научници испитуваат примероци од астероид, истражуваат за потеклото на животот на Земјата

Фото: Експресс

Јапонските експерти за вселената денеска соопштија дека ќе ги испитуваат примероците донесени од одалечен астероид за да пробаат да го откријат изворот на топлина кој го изменил тоа небесно тело.

Научниците од Јапонската агенција за истражување на вселената настојуваат да открие како испарила водата на астероидот, во надеж дека ќе дојдат до траги кои би го укажале потеклото на Сончевиот систем и животот на Земјата.

Тие наведоа дека испитале 5,4 грама од површината, значително повеќе од минималниот примерок од 0,1 грам на кој се надевале.

Вселенското летало „Хајабуса2“ во декември вратила примерок од површината на астероидот Рјугу, одалечен на повеќе од 300 милиони километри од Земјата.

Јапонските научници откриле дека астероидот бил изложен на исклучително високи температури и на површината и под земјата, што е веројатно поголема последица од внатрешен извор на топлина или судир на планети, отколку од топлина од Сонцето.

Тимот на научници од јапонскиот Универзитетот Ајзуа откриле траги од топлина која надминува 300 целзиусови степени и на површината на астероидот и под површината.

Јапонската вселенска агенција продолжува прелиминарно испитување на примероците од астероидот, а поопширни проучувања се во план за следната година.

Научниците ќе ги испитуваат и можните траги од органски материи, во надеж дека ќе најдат некои одговори за потеклото на Сончевиот систем и живот на Земјата.

Извор: Бета.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот