Јапонка ја чувала мртвата мајка во замрзнувач цели 10 години, уапсена кога го напуштила станот

Фото: EPA-EFE/FRANCK ROBICHON

Полицијата во Јапонија уапси жена откако во замрзнувач во нејзиниот стан е откриено телото на нејзината мајка, објави БиБиСи.

Јуми Јошино (48) рекла дека ја пронашла мајка си мртва и го скрила нејзиното тело пред 10 години зошто „не сакала да се иссели од домот во Токио кој го делеле“, известија локалните медиуми повикувајќи се на неименуваните полициски извори,

На замрзнатото тело нема видливи траги на насилство, рече полицијата.

Властите не можеле да го утврдат времето и причината за смртта на жената.

Телото наводно го открила чистачка откако Јошино морала да го напушти станот бидејќи не плаќала кирија.

Телото било свиткано за да го собере во замрзнувачот, рече полицијата.

Јошино е уапсена вчера во хотел во градот Чиби, близу Токио.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот