Јапонија за да се спротистави на Кина и Северна Кореја потворно го зголеми воениот буџет

Јапонската Влада денеска осми пат по ред годинава усвои зголемување на буџетот за одбрана, планирајќи да купи американски борбени авиони невидливи за радари, пресретнувачки ракети и друга опрема, со цел да се спротивстави на военото јакнење на Северна Кореја и Кина.

Воениот буџет ќе биде зголемен за 1,1 отсто, на рекордни 48,56 милијарди долари во годината која почнува на 1 април.

Јапонскиот Парламент, каде владејачката Либерално демократска партија на премиерот Шинѕо Абе има уверливо мнозинство, ќе гласа за предлог буџетот за следната година.

Иако Уставот забранува поседување офанзивно оружје, Јапонија е една од земјите кои најмногу вложуваат во војската.

Инвестирањето во одбраната е зголемено за речиси 15 отсто во претходната деценија, а повеќе има вложено само Кина во модернизација на својата армија, додека Северна Кореја развива нуклеарно оружје и ракети кои можат да погодат кој било дел од Јапонија.

Американскиот претседател Доналд Трамп му се заблагодари на Абе за купување американска опрема, што придонесе за намалување на тензиите меѓу двата сојузника.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот