Јапонија откри 7.000 острови за кои не ни знаела дека постојат

Острови Јапонија/ Фото: Leung Cho Pan / Panthermedia / Profimedia

Јапонија ги преброила своите острови и открила дека има 7.000 повеќе отколку што се мислело, пренесува „Си-Ен-Ен“. Дигиталното мапирање од страна на Јапонската агенција за геопросторни информации (ГСИ) неодамна откри дека има 14.125 острови на јапонска територија, што е двојно повеќе од бројот од 6.852 во официјална употреба според извештајот на Јапонската крајбрежна стража од 1987 година.

Сепак, ГСИ оваа недела истакна дека новата бројка го одразува напредокот во геодетската технологија и не ја промени вкупната површина на земјиштето што го држи Јапонија. Се вели дека иако не постои меѓународен договор за тоа како да се пребројат островите, истиот критериум за големина бил користен како претходното истражување пред 35 години.

Островите околу Јапонија беа во центарот на неколку територијални спорови. Јапонија тврди дека јужните Курилски Острови ги држи Русија, кои Токио ги нарекува Северни територии. Спорот датира од крајот на Втората светска војна. Јапонија, исто така, вели дека има историско право на ненаселените острови Сенкаку во Источното Кинеско Море, со кои таа моментално управува, но Кина постојано го оспорува тоа тврдење.

Во меѓувреме, Јапонија и Јужна Кореја остануваат заклучени во повеќе од 70-годишен спор околу суверенитетот на група островчиња познати како Докдо во близина на Сеул и Такешима во Јапонското Море, кое Кореја го нарекува Источно Море.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот