Јанша го демантира „нон-пејперот“: Тој документ не постои

Јанез Јанша/ Фото Архива на Слободен печат

Не постои никаков документ, па ниту „нон-пејпер“ со кој Словенија би ги заговарала промените на границите на Балканот, е пораката која денеска словенечкиот премиер Јанез Јанша ја пренесе на членот на Претседателството на БиХ, Шефик Џаферовиќ.

Како што е соопштено од Претседателството на БиХ, Јанша во текот на денот го повикал Џаферовиќ за да ги објасни шпекулациите за наводниот документ со кој се заговара поделба на БиХ, но и промена на границите на другите држави во регионот. Слика од наводниот документ на англиски јазик беше објавена од еден словенечки портал, но без објаснување кој го составил и на кого е упатено.

„Претседателот на владата на Словенија, Јанез Јанша го извести членот на Претседателството на БиХ Шефик Џаферовиќ дека не постои „нон-пејпер“ кој би можел да се поврзе со владата на Словенија, а кој би вклучувал прекројување на границите или повреда на територијалниот интегритет на БиХ“, стои во соопштението доставено до медиумите од Претседателството на БиХ.

Истакнато е и дека Јанша пренел порака дека Словенија го подржува суверенитетот и територијалниот интегритет на БиХ, како и нејзиниот евроатлантски пат, притоа во целост почитувајќи го Дејтонскиот мировен договор.

Извор: Индекс.хр

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот