Јаневски: Активно се работи на промоција на С. Македонија како безбедна дестинација за летување

Македонски туризам
Македонски туризам / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Република Северна Македонија е подготвена како дестинација за оваа сезона своите туристички услуги пред светскиот пазар да ги понуди со безбедносен сертификат идентичен на оној на државите-членки на Европската Унија. Тоа значи дека може да се очекува ова лето во земјата да има поголем број туристи од регионот, но и од државите од каде традиционално добро котираме како дестинација за летен одмор. Ова денеска од Охрид го посочи директорот на Агенцијата за промоција и подршка на туризмот Љупчо Јаневски, каде се снимаше материјал за спотовите за промоција на државата како безбедна дестинација за одмор.

-Воведувањето на т.н. „Safety stamp” или безбедносна дестинација овозможува идентично нормирање на протоколите за заштита од пандемијата со Коронавирусот со оние протоколи што се на сила во рамки на државите од ЕУ. Новата кампања на Агенцијата насловена „Безбедно како дома” реализирана заедно со Министерството за економија е во насока на нормирање на протоколите и стриктно почитување на истите. Тоа значи дека односната маркичка овозможува Македонија да се наметне како безбедна за туристите како дестинација кога е во прашање Ковид-19, рече Јаневски.

Со опаѓањето на епидемиолошкиот притисок се очекува подобрување и на севкупната ситуација од аспект на туризмот како стопанска гранка, што пак во комбинација со традиционалните, но уште повеќе со најавените нови конекции и настапи пред туристички пазари со огромен потенцијал, значи дека ситуација оваа сезона ги исполнува сите предуслови да биде далеку подобра од минатогодишната.

-Покрај туристите од домашниот и регионалниот пазар, ќе имаме нови дестинации на кои порано не сме обрнувале внимание, а се со огромен потенцијал, каков што е на пример рускиот или украинскиот. Нашите тур-оператори треба да понудат свои аранжмани на рускиот пазар, кој може да биде двигател во браншата. Тука е и романскиот пазар преку најавената авионска линија за Букурешт, поврзувањето со Полска исто така, а се надеваме во брзо време и на пробив на украинскиот туристички пазар, рече Јаневски.

Македонија веќе е промовирана како безбедна дестинација во рамки на т.н. „зелен коридор” со државите од регионот како Албанија, Србија, Косово, Црна Гора, што значи слободено минување на границите и соодветна здравствена заштита во односните земји. Мерките што ги спроведува Агенција и државата во целина се насочени кон подобрување на состојбите во секторот, како преку одредени бенифиции како што е примерот на бесплатни патарини за српските туристи.

Јаневски претходно оствари средба и со градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, со кого разговарал и за евентуални дополнителни мерки за привлекување на туристите од регионот.

-Прифатена е иницијативата, „ХОТАМ” веќе нуди попусти за српските туристи. Очекуваме дека за брзо време ќе биде покрената иницијатива за ослободување на услугите за паркирање во Охрид за српските туристи. Се надеваме дека ќе се избориме и за бесплатен влез на туристите од Србија во музеите и културно-историските локалитети во градот и на крајбрежјето. Отпочнуваме преговори и за повторно рестартирање на директната авионска линија Белград- Охрид и се надеваме дека истата наскоро ќе биде воспоставена, рече Јаневски.

 

Според директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, се очекува олабавување на одредени рестриктивни политики или мерки како што седум или 14-дневниот карантин за туристи од одредени држави при нивното враќање дома.

-Она што сега се работи е зајакната меѓународна промоција. Дадени се одредени инструкции на нашите амбасади во одредени држави да работат на појаснување на нивните пазари дека состојбата со Ковид-19 во Македонија не е ништо поинаква, рече Јаневски.

Македонија како дестинација во моментов е отворена за сите туристи, без какви било рестрикции или наметнување барања за ПЦР тестови. Една од мерките за привлекување што повеќе туристи се и планираните 50 илјади бесплатни тестови за Ковид-19 за туристи на кои им е потребен негативен тест за враќање дома.

Очекувањата од престојната летна туристичка сезона се реализирани повеќе од два милиони ноќевања, со остварен промет во секторот до 300 милиони долари

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот