Јамајка, Тајланд и Хрватска со најголем пад во БДП

Хрватска, Тајланд и Јамајка, се издвоени и поради можното брзо намалување на платите на квалификуваните работници, при што, во оптимистично сценарио, платите ќе се намалат од 9 до 12 отсто.

Јамајка, Тајланд и Хрватска се првите три држави меѓу 15 најпогодени од листата земји кај кои поради кризата најмногу настрада БДП особено поради загубите во туризмот, а кој го изработи главниот орган на Генералното собрание на ОН кој се занимава со трговија, инвестиции и развој УНКТАД.

Меѓу 15 најпогодени се најдоа и Кенија, Мароко, Грција, Маурициус, Сенегал, Ирска, Египет, Јужна Африка, Малезија и Шпанија.

Анализирајќи го влијанието на загубите во туризмот врз учеството на таа гранка во националниот БДП, УНКТАД проценува дека Јамајка и Тајланд може да претрпат најголеми загуби, од 11, односно девет проценти. Во Хрватска, таа загуба, според нивните, како што велат, умерените проценки, би можела да биде осум проценти, по што следат Португалија со загуба од шест проценти и Доминиканската Република со пет проценти.

УНКТАД предупредува дека туристичкиот сектор во многу богати земји, исто така, ќе чувствува притисок . При тоа ги споменуваат популарните европски и северноамерикански дестинации, вклучувајќи ги Франција, Италија и САД, за кои, исто така, се предвидува дека ќе изгубат милијарди долари како резултат на драматичниот пад на меѓународниот туризам.

Хрватска, Тајланд и Јамајка, се издвоени и поради можното брзо намалување на платите на квалификуваните работници, при што, во оптимистично сценарио, платите ќе се намалат од 9 до 12 отсто.

Во извештајот, уште се посочува, дека светскиот туризам би можел да изгуби над 1.200 милијарди американски долари или 1,5 отсто од глобалниот БДП по речиси четири месеци прекин на туризмот поради пандемијата на коронавирус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот