Јајцата во Бугарија станаа поскапи од маслото за јадење

Фото: Профимедиа

Излегува дека јајцата се прехранбениот производ кој најмногу поскапел за една година. Од јануари 2022 година до минатата недела нивната цена скокна во просек за 76,5 отсто, покажуваат пресметките на бугарскиот „24 Часа“, направени според билтените на Државната комисија за стоковни берзи и аукции.

Тоа е повеќе од скокот на зејтинот. Во април и мај минатата година овој артикл двојно поскапе, па дури и делумно исчезна од продавниците, а трговците беа принудени да пуштаат само до три литри по човек. Во еден момент, литар сончогледово масло се продаваше дури и за 9 лева.

Но, во лето неговата цена постепено почна да се смирува а во моментов на аукциите на големо на многу места шишето е под 4 лева, а во продавниците околу 5,50 – 6,00 лева, но во последните 12 месеци неговата цена поскапе за 57 отсто и тоа е втор голем прехранбен производ со најголем пораст на цените во последната година. Пилешкото месо исто така прилично поскапе во 2022 година, но сепак за околу 30 отсто.

Објаснувањето, според трговците, е дека замрзнатите кокошки масовно се увезуваат од Полска и од соседните земји. Увозот на јајца се почесто подлежи на ограничувања, а и покрај тоа што со месеци се увезуваат многу јајца од Полска, Чешка и Унгарија, количините не се доволни, а тоа објаснува зошто се толку скапи.

Во пракса, во моментов, тешко е да се најдат јајца поевтини од 50 центи по парче во продавниците, дури и ако тие се прилично мали и потекнуваат од птици одгледувани во кафез. На трето место по поскапување во 2022 година е меленото месо, со просечен пораст на цената од 51,5 отсто. Други производи со голем скок на цената во 2022 година се шеќерот и сирењето – по 44 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот