ЈА ОДНЕЛ ДЕВОЈКАТА НА РУЧЕК НА ГРЧКИ ОСТРОВ, а кога ја видел СМЕТКАТА заплакал од мака! (ФОТО)

Едно од првите непишани правила за сите туристи кои ќе се решат да се освежат во таверните или баровите е пред нарачувањето добро да го проучат менито, бидејќи во спротивно може да се расплачат кога ќе им стигне сметката, како што тоа му се случи на еден маж кој годишниот одмор го минал во Грција.

Британската боксерска легенда Рики Хатон (40) и неговата девојка Чарли, ќе го паметат летувањето на Миконос во Грција, веројатно додека се живи. Имено на нив на крајот од ручекот им стигнала сметка скоро од 2000 евра. Како што напишал Хатон, она што посебно го шокирало е цената на парче кобе говедско во висина од 920 евра.

 

View this post on Instagram

 

Just woke up this morning in a puddle of fucking tears. That’s what you get for being a fat greedy little shit. ?#steak

A post shared by Ricky Hatton MBE (@rickyhitmanhatton) on

-Штотуку се разбудив во локва солзи. Тоа ќе го добиете кога сте лакомо г.вно, напиша тој под својата објава на Инстаграм, по што додаде дека при нарачувањето не ја гледал цената.

Покрај овој специјалитет и шампањ од 490 евра, тој порачал и уште неколку ставки чија цена не била баш евтина и според зборовите на сите кои ги познаваат цените на Миконос, како и во овој ресторан, ги надминува границите на реалното и она што ресторанот навистина го нуди на гостите. Во прилог на тоа одат и оценките, па и коментарите на сајтот Трип адвајзер.

 

View this post on Instagram

 

Don’t mess with the hitman bitch. ??#getupthereboy

A post shared by Ricky Hatton MBE (@rickyhitmanhatton) on

-Апсолутно срамотно скапо и далеку најлошо искуство во клуб на плажа со кој некогаш сме се сретнале, а интензивно патуваме. Услугата е неверојатно лоша, од минутата кога доаѓате. Храната е ОК, но дефинитивно не е вредна за цената, само е еден од коментарите на незадоволните гости на овој ресторан на Миконос.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот