Извештај за состојбата на жртвите кај Младеновац: Најмладиот убиен имал само 15 години, двајца се во животна опасност

Полиција Младеновац Србија / Фото: AA/ABACA / Abaca Press / Profimedia

Повредените во престрелката што се случи синоќа во Младеновац се згрижени во неколку болници во Белград и Смедерево. Како што јави РТС, две лица се оперирани, но нивните животи се во опасност. Исто така, јавниот сервис наведува дека најмладиот починат во синоќешниот напад е роден во 2008 година, односно има само 15 години.

Во Смедеревската општа болница „Свети Лука“ во текот на ноќта биле примени десет лица, од кои четворица починале, тројца се префрлени во Белград, а тројца се оперирани и се во стабилна состојба. Едно лице има прострелни рани во пределот на стомакот без повреди на внатрешните органи, друго е застрелано во нозете и се наоѓа на одделението за ортопедија, а третото со повеќе повреди на органи и отворени скршеници е исто така стабилно.

Најмладиот починат е роден во 2008 година, јавува РТС. Според известувачот на тој портал, тој од здобиените повреди починал во болницата во Смедерево.

Министерката за здравство на Србија, Даница Грујчиќ ќе одржи прес-конференција во 7:30 часот.

Најмалку осум лица загинаа синоќа во престрелка во селото Дубона кај Младеновац, кога вооружен напаѓач испукал рафали од автомобил во движење.. Во текот на вечерта беше соопштено дека меѓу жртвите има и млад полицаец и неговата сопствена сестра.

ШТО Е ПОЗНАТО ДОСЕГА?

➡️Нова трагедија во Србија: Масакр во Младеновац, убиени 8 лица, 13 ранети, убиецот е во бегство

➡️ Уапсен убиецот од Младеновац во близина на Крагуевац

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот