Изостана денешната ковид- статистика

Скопје, октомври 2020 / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Министерството за здравство денеска ги изостави дневните бројки на заболени и починати лица од ковид-19.

Јавноста остана во исчекување на податоците кои ги изнесува секојдневно Министерството за здравство.

На самиот почекот на емидемијата бројките се објавуваа во 16 часот, но како коронаворусот зема замав, ресорното министерство се подоцна ги објавува бројките на заболени и оздравени пациенти.

Доцна вечерва и опозицијата реагираше и ги бараше денешните бројки.

-Зошто не се објавуваат бројките на новозаболени во последното деноноќие, бројот на оздравени и бројот на починати? Филипче само продолжува со својата подмолна политика, со лаги, грижа за сопствени интереси- реагираа оттаму.

Опозицијата ја бара дневната статистика на заболени од ковид-19

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот