Опозицијата ја бара дневната статистика на заболени од ковид-19

Скопје, окомври 2020 / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Измина денот, скоро полноќ вообичаената статистика од министерството за здравство ја нема. Што крие Филипче? Што прави Филипче, мести бројки, си игра математика?! Филипче тоа не се бројки, тоа се нечии браќа, сестри, мајки, татковци, роднини, велат од опозицијата.

-Зошто не се објавуваат бројките на новозаболени во последното деноноќие, бројот на оздравени и бројот на починати? Филипче само продолжува со својата подмолна политика, со лаги, грижа за сопствени интереси. Филипче бранејќи ги погубните политики на премиерот во заминување Заев како продажба на се што е македонско ја заборави својата примарна задача, својата примарна работа за која зема пари од граѓаните, да се грижи за здравјето на граѓаните. Филипче несоопштувајќи ги бројките, криејќи ги не може да ја сокрие својата и неспособноста на Заев. Филипче и Заев не ги пере ништо!  Филипче заедно со Заев ги оставија граѓаните сами на себе, не обезбедија возила за итна медицинска помош, не обезбедија болнички кревети, не обезбедија соодветна терапија, нема ни кислород за пациентите- велат преку соопштение од опозицијата.

Благодарение на Филипче, потенцираат оттаму, Македонија на светската листа е на високо 7 место по број на починати на милион жители. Благодарение на Филипче, Македонија на европската листа е во топ 5 земји по починати на милон жители.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот