Измени на собранискиот Деловник: Комисијата за мандатно-имунитетни прашања ќе расправа за онлајн работа на позитивни пратеници на ковид-19

Собрание на РС Македонија / Фото: СП. архива

Предлогот на претседателот на Собранието за дополнување на Деловникот за работа денеска е на дневен ред пред членовите на собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања. Седницата, според информациите од веб страницата на Собранието, е закажана за 13 часот.

Предлогот за дополнување на Деловникот за работа треба да овозможи од далечина или онлајн на пратениците кои се позитивни на ковид-19 или поради контакт со лице со позитивен тест.

Ова решение, смета претседателот на Собранието Талат Џафери, нема да го промени досегашниот начин на работа, туку ќе овозможи само овие пратеници да можат да се вклучат во работата на Парламентот кој би бил целосно функционален.

Опозицијата во изминатиот период излезе со став дека не се согласува со одржување на онлајн седници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот