Измамник од лековерен граѓанин зел 25.500 евра

Осомничениот измамник од полицијата заработи кривилна пријава за сторено кривично дело „измама“.

Триесет и тригодишниот К.Д.,  жител на Неготино од МВР заработи кривилна пријава за сторено кривично дело „измама“.

Според МВР во временскиот период од 13.03.2017 до 20.04.2019 пријавениот, лажно прикажувајќи факти преку интернет страна, објавил оглас за посредување при работа во Германија. Сега осомничениот го довел во заблуда Д.Е. (47) од Свети Николе, од кого барал за услугата пари наменети за трошоци при посредувањето. Жртвата неколку пати на измамникот на трансакциска  сметка во две банки му уплатила 1.564.870 денари, односно 25.500 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот