Изгуби 50 килограми и стана вистинска убавица, албанска пејачка сподели тајна за совршено тело (ФОТО)

Албанската пејачка Линда Халими се претвори буквално во инспирација за многумина поради нејзиното слабеење.

Таа одлучи тајната за нејзиниот нов прекрасен изглед да го сподели со сите. Станува збор за диета што и помогна да изгуби дури 50 килограми.

Па така, за хидратација, Линда пие околу 1,4 литри вода на ден.

Доручек: 3 пржени јајца со еден филџан печени печурки на скара, кромид и пиперки. 1 чаша сок од портокал.

Ручек: 1 пржено јајце со филџан ориз полнет со печурки од скара, кромид и пиперки.

Ужина: 1 чаша мешавина од капина, чај од нане или зелен чај.

Вечера: Смути со млеко од бадем, капина или ананас.

По вечерата: 1 чаша од 60 ml мешавина од јогурт и капина.

Линда, изјавила меѓу другото, дека не консумира јаглени хидрати после 17 часот, но во текот на денот, пред да замине во теретана или да се качи на сцена, јаде тестенини или рижото (ориз), пишува Ливинг.

Додека веќе 5 години не јадела ниту едно парче пица. Линда успеа навистина во овој предизвик што го имаше со себеси. Во фотографијата што таа ја објави на својот профил на Инстаграм, се гледа нејзината неверојатна трансформација, пренесува Експрес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот