Изгореа три стана во Кисела Вода (ВИДЕО)

Три стана изгореа во скопската населба Кисела Вода. Пожарот започна пред триесетина минути во зградата во близина на салата „Расадник“.

Пожарот беше локализиран со задоцнување откако првите противпожарни екипи не успеаја со шмрк да го изгаснат огнот. Во тек е евакуација на станарите од зградата.

Во населбата се чувствува непријатна миризба. Додека од едната страна на зградата се евакуираат станарите, од другата страна, во еден од опожарените станови повторно пожарникарите мораа да интервенираат поради запалена пластика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот