Изборни желби: „I have a dream“

Божидар Миљовски, Фото: Архива

Колку кампањата за изборите напредува, толку реториката на партиите и на лидерите станува поагресивна и понавредлива со деманти и контрадеманти, што на мојот ум се одразува со помислата до каде вака ќе стигнеме, со што и конфузијата на мојот сон е сè повеќе оптоварена со еден сон, кој секоја вечер ми се повторува, а тој изгледа вака:

Вечерта, на 15 јули, по изборите, како и многу други, и јас ги чекав финалните резултати од изборите. Некаде околу полноќ конечно беа објавени последните информации за резултатите и јас заминав мирно да спијам. Се вртев да заспијам под импресијата на резултатите и кога придремав ми се случи српската поговорка: „Што се баби хтело, то се баби снило“, имено  просонував  многу интересен сон. Сабајлината, кога станав, сфатив дека сонував многу обмислен и корисен сон, за што морам да ѝ го пренесам на јавноста. Што сон беше тоа што толку ме вознемири, а истовремено израдува?

Победничката партија на изборите се огласи преку својот лидер: Драги пријатели, ви благодарам на фер изборите во оваа корона-услови, ние ги чувме вашите пораки и желби и во мое име и во име на партијата, во име на сите граѓани на Република Северна Македонија, ви благодарам. Вие избравте парламент кој ќе ве претставува, а јас уште еднаш ветувам дека нема да ја изиграм довербата што ни ја дадовте. Долго време, уште пред изборите јас и моите соработници размислувавме што е најдобро за нашата партија, но и за РСМ има нешто ново, а тоа е следново: да предложиме не победничка влада, ами парламентарна влада, односно влада која ќе го преслика парламентот. Победничката партија го дава претседателот на владата и потпретседателот, а пропорционално според бројот на пратениците добива и број на министри. Втората по ред  партија добива, пропорционално, број на пратеници и број на министри. На крај, малите партии пропорционално на пратениците добиваат и министри. Вториот ешалон на именувани заменици и раководители би одел пропорционално според гласовите добиени на изборите. Доколку една партија одбие да учествува во Владата и не сака да даде свои министри, победничката партија нема да го пополни тоа место со партиски послушници од победничката партија, туку ќе именува нов партиски експерт, како и експерти министри. На овој начин ќе ги избегнеме сите можни уцени и пазарења за учество во владата. Никој нема право да се пазари со националните интереси за партиски интереси. Ова значи формирање на широка парламентарна повеќепартиска и експертска Влада, која треба да не носи во Европа и која ќе биде ослободена од партиските стеги и ќе биде по желба на народот, особено преку парламентот кој ќе го претставува народот.

Дали овој мој сон ќе помогне за спас на РСМ, зависи од храброста на победничката партија – да предложи ваков концепт на влада.

Сонот го сонувал наш повратник од САД, кој како стопанственик работел 30 години во Р Македонија и во Југославија и 32 години во САД, а  се вратил во татковината да помогне.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот