Ивановска: Родителите на убиените во „Монструм“ чекаат правда

Овие родители зад мене доаѓаат секој ден, и очекуваат нешто сериозно, очекуваат правна држава. Ова по денешното рочиште го изјави адвокатката на оштетените во случајот „Монструм”, Дафинка Ивановска по преслушувањето на 25 прислушувани материјали од СЈО.

Таа рече дека е чудно што информации за ваков крупен случај имале луѓе како Оливера Трајковска и Орце Камчев, кои воопшто не се поврзани со случајот, а разговарале по телефон. Според неа, тажно е што дел од тогашната власт договарала по телефон да се одлагаат рочишта за случајот за остварување на нивните политички цели.

– Непримерно е власта да има влијание врз судтвото – рече Ивановска

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот