Италијанскиот новинар повторно го насмеа Новак: Дали во тоалет го сретна Свети Сава

epa09269574 Serbia's Novak Djokovic poses with the trophy in front of the Eiffel tower in Paris, France, 14 June 2021, during a photocall one day after winning the Roland Garros 2021 French Open tennis tournament. EPA-EFE/CHRISTOPHE ARCHAMBAULT / POOL MAXPPP OUT

Новак Ѓоковиќ изминатиот викенд по втор пат триумфира на Ролан Гарос, а воедно го освои 19 грен слем трофеј во кариерата, по што на прес-конференцијата со новинарите беше одлично расположен, а забавата и смеата беше загарантирана поради познатиот италијански новинар Убалдо Сканагата.
Сканагата е познат по освоите оригинални прашања и шеги на прес-конференциите посебно на тие кога Новак Ѓоковиќ победува на грен слем турнирите, а традицијата продолжи и по освојувањето на Ролан Гарос.

Ноле и италијанскиот новинар, втор дел (ВИДЕО)

Италијанскиот новинар кој во минатото го насмеа Новак со легендарното „Not too bad“, овој пат во Париз му постави уште едно прашање кое го натера Ѓоковиќ да се насмее.
– Новак ти честитам на неверојатниот успех, немам зборови. Само ќе кажам 84 титули, 19 грен слем трофеи, 35 победи во пет сета, изгледа дека ништо не може да те запре. Сакам да знам што се случува кога одиш во тоалет за време на мечевите. Бидејќи и во дуелот со Мусети кога губеше со 0:2 во сетови отиде во тоалет по што стана сосема нов играч. Исто беше и против Беретини и против Надал, а Стефанос рече дека Новак Ѓоковиќ беше друг тенисер кога се врати по паузата. Дали во тоалет го сретна Свети Сава, големиот светец или…? праша Сканагата.
Ѓоковиќ не можеше да не се насмее на ова прашање,  но одговори дека има свои ангели чувари и дека не може да ја открие тајната на одењето во тоалет.
– Токму така, моите ангели чувари се таму. Имам свое посебно место, тоа е тајна која не можам да ја отријам –одговори Ѓоковиќ.
Прашањето и одговорот на Ѓоковиќ може да ги видите од 9:30 минута од видеото.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот