Ноле и италијанскиот новинар, втор дел (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ на прес-конференцијата во пресрет на стартот на Мастерс турнирот во Монте Карло имаше средба до италијанскиот новинар Убалдо Сканагата со кој имаа урнебесен перформанс по триумфот на српскиот тенисер на УС Опен.

Тогаш Убалдо на симпатичен и смешен нагласок почна да ги набројува успесите на тенисерот, а потоа Ѓоковиќ му одговори со сличен нагласок „Not too bad“.

И сега повторно Убалдо го праша Ѓоковиќ дали евентуална победа над Рафаел Надал на Ролан Гарос би му била најголема во кариерата.
„Секако можам да кажам дека не би било така лошо“ изјави Ѓоковиќ, по што почна да се смее.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот