Италија заплени милиони парчиња фалсификувана медицинска опрема од Кина

Фото: EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Италијанските власти денес објавија дека заплениле неколку милиони парчиња фалсификувана медицинска опрема, главно од Кина, која вклучува маски и опрема за хирурзи.

Проценетата вредност на запленетата стока е над 11 милиони евра.

Првата операција на италијанската финансиска полиција беше насочена кон една веледрогерија во Фиренца, кој чуваше повеќе од 16 милиони парчиња медицинска опрема во огромен магацин со фалсификувани етикети или без никакви ознаки, се наведува во соопштението.

Оваа опрема вклучува хируршки маски, шприцеви, игли, облека за здравствени работници и хируршки комплети.

Повеќе од 650.000 хируршки маски биле без ознаки, како и 659 килограми суплементи – додатоци за храна во прав и 500 000 капсули витамини и хијалуронска киселина.

Вредноста на запленетите предмети е приближно осум милиони евра.

Во втората операција, Финансиската полиција заплени над 1,3 милиони хируршки маски од типот ФФП2 и КН95, кои имале кинески и неевропски сертификати.

Кинеските маски биле наменети за цивилната заштита во Ломбардија, се наведува во друго полициско соопштение во кое се прецизира дека вредноста на запленетите маски е околу 3,2 милиони евра.

Извор: Бета

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот