Италија во март ќе организира референдум за намалување на бројот на пратеници

Фото: ЕПА

Редуцирањето на бројот на народни избраници во дводомниот Парламент ја има поддршката од Движењето Пет ѕвезди, оценувајќи дека станува збор за историска битка за укинување на привилегиите на често корупмираната политичка елита во земјата.

На 29 март Италија ќе спроведе референдум за уставна реформа, на кој граѓаните ќе се изјаснуваат за намалување на бројот на пратеници во Парламентот, јави ДПА.

Според предложената реформа, бројот на членот во Долниот дом ќе биде намален од 630 на 400 лица, а бројот на сенатори во Горниот дом ќе се намали од 315 на 200.

Редуцирањето на бројот на народни избраници во дводомниот Парламент ја има поддршката од Движењето Пет ѕвезди, оценувајќи дека станува збор за историска битка за укинување на привилегиите на често корупмираната политичка елита во земјата.

Левоцентристичката Демократска партија, која исто така е дел од владината коалиција, се согласи да ја поддржи реформата.

ДПА наведува дека критичарите сметаат оти ваквиот чекор е популистички и оти нема ништо значајно да смени, ниту во смисла на финансиска заштеда, ниту во борбата против привилегираните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот