Италија ниту после 15 јуни нема да ги отвори границите за земјите надвор од ЕУ

Италија/Поситано Фото: Профимедиа

Шефот на италијанската дипломатија денеска ќе биде во Берлин, како што е најавено, каде ќе се сретне со германскиот министер за надворешни работи Хеик Мас.

Ниту после 15 јуни Италија нема да дозволи странците од земјите што не се членки на ЕУ да влезат во земјата, најави денеска шефот на италијанската дипломатија Луиџи ди Мајо.

– Наша обврска е да ги заштитиме животите и здравјето на нашиот народ – рече Ди Мајо во интервју за телевизијата „Рете4″.

Тој посочи дека, истовремено, Италија се залага слободата на патување во Европа да почне од 15 јуни.

– Франција и Германија ми ветија дека слободата на патување за европските граѓани ќе биде загарантирана од 15 јуни – рече Ди Мајо, кој пред два дена телефонски разговараше со францускиот колега Жан-Ив ле Дријан.

Шефот на италијанската дипломатија денеска ќе биде во Берлин, како што е најавено, каде ќе се сретне со германскиот министер за надворешни работи Хеик Мас.

Ди Мајо изрази надеж дека Италија ќе може да ја убеди Австрија да ги отвори своите граници за неговата земја.

– Австрија не е загрижена за Италија, туку само за одредени региони. Ние со факти  ќе се бориме против оваа загриженост – рече тој.

Австриската Влада вчера ги отвори своите граници и од полноќ ги укина мерките за карантин за сите соседи, освен за Италија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот