Истражувањата покажаа: Чоколадото прави една група луѓе особено среќна

Фото: Pexels / RDNE Stock project

Истражувачите велат дека антиоксидативните флаваноли во зрната какао може да спречат оштетување на клетките што ги попречуваат хормоните и мозочните сигнали. Со последните истражувањата се потври дека една група на луѓе има повеќе придобивки од консумирањето чоколади.

Откриено е дека секојдневното консумирање на чоколадо во текот на осум недели го намалува чувството на негативност, депресија и анксиозност, а истражувањата покажаа дека чоколадото ги прави средовечните жени посреќни, пишува „Сан“.

Антиоксидативните флаваноли се најмногу концентрирани во потемните сорти на зрна какао што се користат за правење чоколадо. Во студијата учествувале 60 здрави жени на возраст меѓу 40 и 60 години. На една група им бил даден чоколаден пијалак, а на друга пијалак кој имал ист вкус, но не содржел какао.

По два месеци, оние кои го пиеле чоколадниот пијалак со какао постигнале подобри резултати на скалата за расположение. Испитаничките потврдиле дека нивното пријателство и енергија се зголемиле.

„Нашите резултати сугерираат дека кај средовечните жени екстрактот од какао ја намалува депресијата, заморот и анксиозноста и го подобрува позитивното расположение. Флаванолите од какаото може да бидат корисна храна која може да го подобри расположението на средовечните жени“, вели професорот Масаказу Тераучи кој беше дел од истражувањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот