Истражување во САД: За повеќето Американци, Кина е непријател или конкурент

Истражување спроведено од американска агенција покажа дека Американците имаат негативно мислење за Кина, а повеќето испитаници ја сметаат Кина за непријател или конкурент. Резултатите од истражувањето што ги објави Центарот за истражување Пју (Pew) покажуваат дека 9 од 10 американски граѓани ја гледаат Кина како закана од САД.

Процентот на оние кои сметаат дека ограничувањето на кинеските овластувања е главниот приоритет на САД е зголемен за 16 проценти во последните три години.

Покрај тоа, 72 проценти од оние кои се декларираат како републиканци и 37 проценти од оние кои се декларираа како демократи, сметаат дека заземањето цврст став кон Кина е поважно од воспоставувањето силни економски односи со Пекинг.

Испитаниците главно се осврнале на повредите на човековите права извршени од Кина во Хонг Конг и во Ујгурскиот автономен регион Ксинџијанг.

Утврдено е дека испитаниците имаат помалку доверба во американскиот претседател Џо Бајден во односите со Кина, во споредба со другите надворешно-политички прашања.

Во анкетата, спроведена од 1 до 7 февруари, учествувале 2.596 испитаници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот