Истражување: 66 отсто од Бугарите изразија недоверба за Крајанчева, 31 за Радев и 57 отсто за Борисов

румен редев и бојко борисов
Румен Радев и Бојко Борисов, Фото: Архива

Кон крајот на мај, 16 проценти од возрасните Бугари изразија доверба во Крајанчева, претседател на Националното собрание, додека 66 проценти се изјаснија за недоверба.

Инаку, довербата во спикерот на Националното собрание се мери на секои два месеца.

Во однос на довербата кон претседателот Румен Радев, 50 отсто се изјасниле позитивно, а 31 отсто изразиле недоверба.

Што се однесува до премиерот Бојко Борисов, 30 проценти искажале доверба, а 57 недоверба, Останатите или се колебаат или не се изјасниле.

Ова го покажуваат податоците според истражувањето на „Галуп интернешнал”. Истражувањето е спроведено од 4 до 12 јуни на 809 лица.

Во март имаше одредено зголемување на довербата во сите институции, поради пандемијата од коронавирусот.

На почетокот на јуни, Парламентот имаше 23 отсто доверба и 67 отсто недоверба, а Владата беше со 30 отсто доверба и 60 отсто недоверба. Претседателството доби 52 проценти  доверба и 33 проценти недоверба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот