Истрага за едно лице за ланското убиство на патот меѓу Шишево и Глумово

Осомничениот минатата година на 2 март, на локалниот пат меѓу селата Шишево и Глумово, со употреба на огнено оружје – полуавтоматски пиштол, со умисла лишил од живот едно лице, а уште едно се обидел да го лиши од живот.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради постоење основано сомнение дека сторил едно кривично дело – Убиство од член 123 став 1 и едно кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.

Осомничениот минатата година на 2 март, на локалниот пат меѓу селата Шишево и Глумово, со употреба на огнено оружје – полуавтоматски пиштол, со умисла лишил од живот едно лице, а уште едно се обидел да го лиши од живот.

На критичниот ден, тој со својот автомобил го попречил движењето на автомобилот во кој се наоѓале двајцата оштетени заедно со уште едно лице – сведок на настанот и започнал вербална расправија заради претходно нарушени односи.

Во момент кога еден од оштетените започнал да се враќа кон своето возило за да влезе, осомничениот му се приближил на кратко растојание и испукал кон него еден проектил од пиштолот, нанесувајќи му тешка телесна повреда во вид на прострелна рана. Потоа тргнал да се пресмета и со вториот оштетен.

Сведокот се попречил меѓу нив, но осомничениот му наредил да се тргне. За тоа време, оштетениот започнал да бега, па осомничениот се стрчал кон него и испукал повеќе проектили, нанесувајќи му две огнострелни повреди во пределот на грбот. Како последица на овие повреди, оштетениот починал непосредно по приемот во болница.

По ова, осомничениот се дал во бегство и го напуштил местото на настанот и една година беше недостапен на органите на прогонот.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави Предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице поради опасност од бегство, можност да ги сокрие трагите на кривичното дело, да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и вештите лица, како и да го повтори делото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот