Исповед на Роналдињо за времето поминато во затвор

Поранешниот бразилски фудбалер кој неодамна е пуштен од затворот во Асунсион зборува за искуството поминато зад решетки.

Поради фалсификуваниот пасош со кој влезе во Парагвај, Роналдињо помина 32 дена во затвор во Асуснсион. Моменто се наоѓа во домашен притвор во хотелот Палмарога бидејќи не смее да го напушти Парагвај.

– Тоа беше тежок удар за мене, никогаш не сум можел да замислам дека ќе поминам низ вака тешки моменти. Целиот свој живот го посветив на фудбалот и да им донесам радост и среќа на луѓето преку топката – вели Роналдињо кој ги негира сите обвинувања за фалсификуваните пасоши.

-Бевме изненадени кога видовме дека документите не се легални. Од самиот почеток сакавме да соработуваме со властите за вистината да излезе на виделина. Им објаснивме се, кажавме се што беше побарано од нас.


Адвокатите на Бразилецот се уште ја водат битката за да докажат неговата невиност, тие, а и самиот Роналдињо тврдат дека „пасошите“ за него и неговиот брат биле подарок од локалните спонзори. Роналдињо се надева дека на крајот правдата ќе победи и тој нема да биде прогласен за виновен и ги открива плановите за неговото враќање во Бразил.

– Прво што ќе направам, ќе ја бакнам мајка ми која тешко ги преживува овие денови. Не сме само ние причината туку и пандемијата на коронавирусот.Сето тоа го издржа, покажа колку е силна и колкава доверба има во нас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот