Испливаа на површина сите скандали, караници и тајни помеѓу Кејт Мидлтон и Меган Маркл: Што се случува кога две сосема обични девојки ќе влезат во кралското семејство?

Profimedia
Фото: Profimedia

Иако Меган Маркл и Кејт Мидлтон се две сосема „обични“ девојки кои станале војвотки на ист начин – се венчале со принц, судбините сепак им се такви да „мора да бидат“ сопернички.

Пред да стапат во брак со принцовите и двете живееле сосема нормален живот, но сега едната стана миленичка на нацијата и идна кралица, додека другата од славна актерка, па принцеза, стигна до една од најомразените познати личности.

Profimedia

Кејт и Вилијам се запознале за време на студиите на престижниот универзитет Сент Ендруз во Шкотска. Тие поминаа низ турбулентни времиња, а раскинуваа и се смируваа неколку пати. После дипломирањето се забавуваа уште неколку години, а потоа принцот Вилијам во 2010 година ја претстави својата вереничка Кејт Мидлтон пред целиот свет. Вереничкиот прстен со кој Вилијам ја запроси Кејт, некогаш припаѓал на неговата мајка, омилената принцеза Дајана.

„Овој прстен е посебен за мене. Тоа беше начин мојата мајка да биде присутна покрај мене на тој посебен ден, но и за време на целиот наш заеднички живот“, изјави тогаш емотивниот принц.

Profimedia

Церемонијата од венчавката се пренесуваше на малите екрани. Податоците велат дека кралската венчавка ја гледале повеќе од 3 милијарди луѓе. Преносот се одвиваше и преку интернет, каде го следеа 72 милиони луѓе. Поради таа причина, ова случување влезе во Гинесовата книга на рекорди. Кејт кратко време беше мета на критиките на медиумите, до тој степен што пишуваа дека правилото е „не може секој да влезе во дворецот“, но Британците брзо ја прифатија, па ја нарекоа принцезата на народот и новата Лејди Ди.

Меѓутоа, имаше и онакви кои своевремено коментираа дека Кејт е премногу досадна и дека важи за вистински пион на кралското семејство. Но, откога во кралското семејство се појави Меган Маркл, сè се промени.

Профимедиа

Таму каде што Кејт некогаш беше прикажана како досадна фигура која сака да се искачи на социјалната скала, сега беше претставена како пример за жена: угледна, тивка, дискретна и несебична мајка. Меган затоа мора да е нејзината спротивност – манипулативна, кариеристка и „изрод“ во кралското семејство.

Принцот Хари после многу инциденти успеа да сврти нова страница. Некогашниот кралски „плејбој“ кој знаеше да задава вистински маки на своето семејство, во јули 2016 година на состанок на слепо, поттикнат од заеднички пријател, ја запозна американската тв-ѕвезда Меган Маркл и од тој момент сите работи се променија. Било тоа љубов на прв поглед. После една година, тие веќе беа верени.

Profimedia

Три години постарата актерка во тој момент беше сè, само не класична и посакувана британска снаа. Со веќе еден брак позади себе, (со филмскиот продуцент Тревор Енгелсон), актерка по професија и најважното – не потекнува од Англија, туку е Афроамериканка.

„Меган не е најдобриот избор за Хари“, коментираа британските медиуми за американската актерка.

Profimedia

Меган своите 5 минути слава ги доби на венчавката со принцот Хари, која се одржа на 19 мај 2018 година во Виндзор. Глетката од прекрасната невеста во венчаницата од Живанжи, ретко кого остави рамнодушен, но и тоа траеше кратко.

Едно нешто што за почетоците на Меган и Кејт е заедничко е нивниот однос со кралицата. За двете се зборуваше дека не се миленички на Елизабета Втора. На кралицата сериозно ѝ пречеа кратките здолништа на војвотката од Кембриџ. Вистина е дека Кејт на почетокот била бунтовна, но нејзиниот бунтовен дух понекогаш бил толериран, па дури и поддржуван од јавноста. Тоа во што Меган „победи“ е дека кралицата ја прифати за многу пократко време. Меѓутоа, сега е разочарана од нејзината одлука и одлуката на Хари да го напуштат кралското семејство.

ЕПА

Кејт во британското кралско семејство влезе како ќерка на угледна британска фамилија, а Меган како ќерка од нескладно американско семејство кое и денес им задава многу маки, објавувајќи семејни тајни во таблоидите. Поранешната актерка мораше да се соочува со константни удари од британскиот печат, а во некои случаи и со расизам, од првиот момент кога се појави во јавноста како сопруга на Хари.

Токму поради таа причина минатата година како бомба одекна веста дека војводата и војвотката од Сасекс се повлекуваат од кралското семејство и сакаат да бидат финансиски независни. Причината за тоа, како што наведоа многумина, е постојаниот напад од страна на медиумите кон поранешната актерка.

ЕПА

„Од првиот момент кога се слушна дека принцот Хари се забавува со Меган, медиумите без воздржување пишуваа невистини за нејзиниот живот и ја срамеа. Секој нејзин потег беше осудуван на некаков начин, а измислените приказни не престанаа да се собираат. Тоа предизвика дополнителен стрес за војводата и војвотката, кои одлучија да се повлечат од кралските должности и да се обидат да живеат сосема обичен живот надвор од британските медиуми“, навел извор близок на принцот Хари, а пренеле странските медиуми, па додал:

„Хари и Меган имаат впечаток дека кралското семејство не застана во одбрана на новата снаа на адекватен начин. Познато е дека и Кејт едно време беше на удар на таблоидите, а кога во јавноста се појавија нејзини слики од топлес на одмор, кралицата веднаш реагираше. Сепак за лажните приказни околу Меган, никој не мрдна ниту со прст“.

ЕПА

Маркл и сама потврдила дека тешко се бори со пишувањата во таблоидите, како и тоа дека пријателите ја советувале да не се венча за принцот Хари, како би го избегнала притисокот од медиумите.

„Кога го запознав сегашниот сопруг, моите пријатели беа пресреќни, затоа што бев среќна. Но, пријателите од Британија ми рекоа дека не треба да сум со него, иако се сигурни дека е прекрасен, бидејќи британските таблоиди ќе ми го уништат животот“, рекла војвотката пред неколку месеци во едно интервју и додала дека мајчинството е „борба“ поради интензивниот интерес од страна на медиумите.

Profimedia

Принцот Хари уште тогаш објаснил дека „никогаш нема да учествува во играта која ја уби неговата мајка и секогаш ќе го штити семејството“.

„Се низ што помина мојата мајка Дајана и што ѝ се случи е неверојатно важно за мене секој ден. Не сум параноичен, само сакам да не се повтори минатото“, рекол принцот Хари.

Меѓутоа, принцот Хари беше и остана единствениот од кралското семејство кој се заложи за Меган во борбата против медиумите.

лејди ди, дијана, дајана, принцеза

Британската јавност има поинаков однос спрема Меган и Кејт од почетокот.

Додека поединци сметаат дека американската актерка го одвои принцот од неговиот дом, наследство и обичаи, поради „бркање“ на кариерата, други аплаудираат на храброста на семејството Сасекс да живее по свои правила.

Profimedia

Изгледа дека која и да ја одбереше Хари за сопруга, секогаш ќе има спротивставеност помеѓу војвотките. Но, бидејќи е во прашање некарактеристична снаа за Британија, Меган Маркл е трн во окото на сите, а откако се откажа од кралските должности и финансии, изгледа дека Кејт многи ѝ завидува. Дали тоа значи дека некогаш двете обични девојки кои поради венчавката со мажите од своите соништа мораа да платат одредена цена? Во најмала рака станаа жртви на кралскиот систем, пренесува Глоси.рс.

Instagram

Тоа што придонесе до определувањето за Кејт Мидлтон или за Меган Маркл се и несогласувањата помеѓу нив. Британските медиуми во повеќе наврати наведуваа дека нивните разлики довеле дури и до несогласувања помеѓу браќата Вилијам и Хари. Во меѓувреме војвотките сепак дојдоа до најразумното решение, да ги смират страстите поради товарот што го носат како членови на кралското семејство.

Фото Профимедиа

Меѓутоа, во неколку наврати се појавија гласини дека Кејт е љубоморна на Меган поради тоа што успеала да се тргне од моќното кралско влијание.

„Кејт знае како е да се биде „заробен“ во палата. Нејзиниот живот ќе биде поограничен од оној на Меган“, истакна Пол Барел, поранешен батлер и пријател на принцезата Дајана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот